Повик за аплицирање за текстови/видеа на полето на медиумската слобода
По одржувањето на регионалната конференција за медиуми во март годинава, Албанскиот хелсиншки комитет продолжува со активности поврзани со слободата на медиумите, давајќи им можност на новинарите и медиумските експерти за реализација на нивните иновативни идеи за независност и интегритет на медиумите во земјите од Западен Балкан.
За таа цел, АХК отвора повик за аплицирање, преку кој ќе бидат поддржани текстови и видеа на шест новинари или новинарски тимови. Секој од овие медиумски производи, кои треба да бидат комплетирани во рок од три седмици по одобрувањето, ќе добие поддршка до 1100 евра.
Кандидатите треба да се осврнат на некоја од следниве теми:
-Ефективноста на советите за етика во регионот на Западен Балкан – компаративен преглед на нивните постигнувања
-Позитивни модели за медиумска саморегулација, како и меѓународни практики поврзани со нив
-Работни услови за новинарите и прекршување на правата на работното место
-Синдикално организирање на медиумските работници – пат што треба да се следни
-Медиумите наспроти владината пропаганда – предизвици за одбивање ,,готови’’ вести
-Лажни вести – вакцина против лажни вести
Во подолу прикачениот документ, ќе најдете повеќе детали за овој повик, како и информации за начинот на аплицирање.