декември 23, 2020

Повик за ангажман на монитор за регистрирање говор на омраза на локално ниво во градот Тетово од јануари до август 2021

  1. Општи информации

Хелсиншкиот комитет за човекови права продолжува со спроведување на проектот “Заедничка акција против говорот на омраза” финансиран од страна на Фондацијата Отворено општество- Македонија. Главната цел на овој проект, покрај унапредување на системот за следење на говорот на омраза на локално нивно, е насочен и кон зајакнување и вклучување  на младинските јадра,  како и едукација и подигање на свеста кај младите за штетните последици од говорот на омраза.

 

  1. Предмет на ангажманот

Во рамки на проектот ќе се спроведе активност за следење и регистрација на  говор на омраза на веб платформата www.govornaomraza.mk за периодот јанури- август 2021 година. Оваа веб платформа претставува интерактивна алатка за пријавување на случаи поврзани со говор на омраза од страна на граѓаните (жртва или сведок) и генерирање на статистички податоци на регистрирани пријави врз основ на три параметри: географска локација, правен основ и временска рамка.

Со цел зајакнување на мониторингот на говорот на омраза, Хелсиншкиот комитет за човекови права има потреба од ангажман на монитор кој ќе врши следење и регистрирање на говорот на омраза во медиумскиот простор, вклучително електронски медиуми, интернет изданија на весници и портали, социјални медиуми, како и испишани графити на јавен простор, јавни настани, спортски натпревари и ќе има за цел да врши упис на утврден говор на омраза на месечно ниво и да го доставува до проектниот тим за понатамошна анализа. Времетраењето на ангажманот е 8 месеци. Медиумскиот монитор ќе биде компензиран преку месечен хонорар од $150 бруто износ (месечно) во денарска противвредност. По извршениот избор, Хелсиншкиот комитет ќе спроведе обука на избраниот монитор, со јасни насоки за ангажманот и работните обврски. Овој ангажман нуди флексибилност, со тоа што избраните лица не се обврзани на работно време и престој во Хелсиншкиот комитет.

  • Потребни квалификации и начин на пријавување

Со оглед на материјата која е цел на анализа во рамки на овој проект, условите за пријавување се следниве:

  • Познавање на македонски и албански јазик,
  • Одговорност и навремено доставување на месечните извештаи,
  • Посветеност за извршување на мониторинг активностите за времетраење на целиот проект (8 месеци),

Заинтересираните лица треба да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивациско писмо во кое што ќе ги објаснат своите квалификации и мотив. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk и  до slavica.anastasovska@mhc.org.mk со назнака „ мониторинг на локално ниво-Тетово најдоцна до 29 октомври (недела) 2020 година.