Повик за ангажман на истражувач/ка
август 17, 2022
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Зајакнување на локалните организации за застапување на родова еднаквост”, oбјавува повик за ангажирање на истражувач/ка за собирање на податоци за придонес на извештајот во сенка за имплементација на Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жените (CEDAW) и други дополнителни податоци поврзани со процесот на европска интеграција на Северна Македонија во полето на родовата еднаквост, како и учество во стратешки форум.
Процесот на собирање на податоци истражувачот/ката ќе го обезбеди преку подготовка на прашалник и спроведување на интервјуа со седум (7) локални организации во областа на родовата еднаквост и родовото базирана дискриминација, со кои Хелсиншкиот комитет има воспоставено соработка во рамки на овој проект.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АНГАЖМАНОТ
Активностите од овој ангажман ќе се реализираат во периодот од 15.09.2022 до 10.10.2022 година, во договор со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет.
НАДОМЕСТ ЗА АНГАЖМАНОТ
Вкупниот бруто надомест за ангажманот изнесува 770 евра.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Завршени магистерски студии во областа на општествените науки;
- Минимум 3 години искуство во полето на родово базирана дискриминација;
- Добри познавања од областа на родовата еднаквост;
- Добро познавање нa процесот на евроинтеграции во Северна Македонија, со фокус на родовите прашања;
- Искуство во работа со граѓански организации.
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Заинтересираните кандидати/ки за овој повик потребно е да достават професионална биографија (CV) на македонски или англиски јазик (најмногу до 2-3 страни) и кратко мотивациско писмо во кое ќе биде јасно наведено релевантното искуство и знаење на кандидатот/ката, согласно потребните квалификации во овој повик. Овие документи доставете ги на следната електронска адреса: slavica.anastasovska@mhc.org.mk со назнака „Истражувач/ка за родови прашања“ најдоцна до 12 септември 2022 година (понеделник). За сите дополнителни прашања можете да се обратите на наведениот маил.
Проектот „Зајакнување на локалните организации за застапување на родова еднаквост”, имплементиран од Хелсинсшки комитет за човекови права е поддржан од Реактор – Истражување во акција и нивните партнери преку акцијата „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“. Акцијата е финансирана од Европската Унија и ко-финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида).
Овој документ е создаден со финансиска поддршка на Европската Унија, ко-финансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида). Содржината е единствена одговорност на Хелсинсшки комитет за човекови права и не ги одразува ставовите на Европската Унија или Сида.