Повик за ангажирање на експерт/ка за работа на извештај во сенка за ГРЕВИО
Нарачател: Хелсиншки комитет за човекови права
Проект: „ Women’s Rights Advocacy: Paving the Way to Equality“
Донатор: Kvinna till Kvinna
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „ Women’s Rights Advocacy: Paving the Way to Equality“ финансиран од страна на Kvinna till Kvinna, oбјавува оглас за ангажирање на експерт/ка за финализирање на ГРЕВИО извештајот во сенка.
ПРЕДМЕТ НА АНГАЖМАНОТ
Предмет на овој ангажман е финализирање на ГРЕВИО извештајот во сенка, кој ќе биде подготвен по пат на прибирање податоци од страна на мониторки-претставнички на здруженија на граѓани од Платформата за родова еднаквост.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АНГАЖМАНОТ
Експертот/ката се ангажира за 6 (шест) работни денови во период од 15.12.2021 до 15.04.2022 година.
НАДОМЕСТ ЗА АНГАЖМАНОТ
Вкупниот бруто надомест за ангажманот изнесува 55.350,00 денари.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Завршени студии во областа на општествени науки. Постдипломски студии ќе се сметаат за предност;
- Искуство во подготовка на извештаи, со предност во подготовка на извештаи во сенка;
- Искуство од областа на заштита и превенција на родово базирано насилство и семејно насилство;
- Напредно познавање на домашните закони и меѓународните правни инструменти за заштита од родово базирано и семејно насилство, со посебен фокус на Истанбулската конвенција;
- Искуство во работа со граѓански организации ќе се смета за предност.
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Заинтересираните кандидати/ки за овој повик потребно е да достават професионална биографија (CV) на македонски или англиски јазик на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk и копија до bojana.jovanovska@mhc.org.mk со назнака „Eксперт/ка за работа на извештај во сенка за ГРЕВИО“ најдоцна до 10 декември, 2021 година.
За сите дополнителни прашања можете да се обратите на некој од наведените мејлови.