Повик за ангажирање автор/ка на документ за јавни политики
Општи информации
Хелсиншкиот комитет за човекови права како соработник на Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ) во имплементирањето на проектот „Унапредување на родовата еднаквост преку политичко учество на жените” финансиран од Шведска преку Шведската агенција за меѓународна развојна поддршка (Сида), oбјавува повик за ангажирање на автор/ка на документ за јавни политики со фокус на законско регулирање на сексуалната изнуда (сексторција) во националното законодавство.
На овој повик може да се пријават и авторски тимови од најмногу три автори/ки.
Предмет на ангажманот
Овој ангажман се состои во спроведување на следните активности:
- Подготовка на документ за јавни политики со фокус на законско регулирање на сексуалната изнуда (сексторција) во националното законодавство;
- Изготвување на policy brief врз основа на документот за јавни политики;
- Јавно презентирање на наодите од документот за јавни политики на настан организиран од Хелсиншкиот комитет.
Времетраење на ангажманот
Активностите од точка 1 и 2 на овој ангажман ќе се реализираат во периодот април – мај 2022 година, во договор со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет. Активноста од точка 3 на овој ангажман ќе се реализира во периодот до јуни 2022 година.
Надомест на ангажманот
Вкупниот бруто надомест за ангажманот изнесува 500 американски долари, во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на РСМ на денот на исплатата.
Потребни квалификации
- Завршени студии во областа на правото и правни науки;
- Искуство во областа на родова еднаквост и кривично право (најмалку 2 години);
- Искуство во пишување на слични документи, извештаи, анализи;
- Добро познавање на меѓународните правни инструменти и домашните закони во областа на родовата еднаквост и кривичното право.
Начин на пријавување
Заинтересираните кандидати/ки за овој повик треба да ги достават следните документи:
- Професионална биографија (CV) на македонски или англиски јазик и
- Апстракт (до 500 зборови) на македонски јазик во кој ќе се претстави темата на документот за јавни политики со посебен фокус на законско регулирање на сексуалната изнуда (сексторција) во националното законодавство, како и предлог-методологијата за подготовка на документот. Документот треба да се базира на пристап базиран на докази, да понуди компаративна анализа и да претставува инструмент за понатамошно застапување во областа на политиките за родова еднаквост.
Пријавите ќе бидат оценувани врз основа на исполнување на условите за потребни квалификации и релевантноста на предложената тема, согласно повикот.
Документите треба да бидат доставени на следната електронска адреса: natasha.petkovska@mhc.org.mk и helkom@mhc.org.mk со назнака „Автор/ка на документ за јавни политики“ најдоцна до 8 април (петок) 2022 година. Во случај на пријавување на тим на автори/ки потребно е биографиите на сите членови на тимот да бидат пратени во еден мејл од страна на еден од членовите на тимот и истото да биде јасно назначено во самиот мејл. За сите дополнителни прашања можете да се обратите на наведените мејл адреси.