Платформата за борба против корупцијата реагира за отсуството на консултации за предлог-законот за реорганизација на министерствата
јуни 7, 2024
До: г. Африм Гаши,
Претседател на Собрание на Република Северна Македонија,
Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата реагира до Собранието на Република Северна Македонија за затворениот и неконсултативен процес со засегнатите страни по Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за организација на работата на органите на државна управа.
Исто така, формирањето на три нови министерства и реорганизацијата на системот на државната управа без претходна длабинска анализа за оправданоста на предлогот е неприфатливо за Платформата на граѓански организации за борба против корупција.
Укажуваме дека ова влијае негативно врз соработката и довербата на граѓанското општество со креаторите на јавните политики.
Со оваа реакција Платформата останува доследна и на претходното укажување од 2022 година дека реорганизацијата на државната управа е исклучително важен процес, кој мора да почива врз принципите на транспарентност, вклученост и претходна подготовка на граѓаните за системските промени што се иницираат.
Со почит,
Платформа на граѓански
организации за борба против корупцијата