ОГЛАС ЗА ПРОЕКТЕН/А АСИСТЕНТ/КА

февруари 8, 2023

Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје објавува оглас за вработување на проектен/а асистент/ка.

Назив на работно место: Проектен/а асистент/ка

Краен рок за пријавување: најдоцна до 20 февруари 2023 година Електронска адреса за поднесување на апликацијата: helkom@mhc.org.mk

Апликациите задолжително гласат на име „Оглас за проектен/а асистент/ка” и сите документи се поднесуваат во pdf. формат.

Опис и работни задачи, избраното лице:

– Поддршка во текот на имплементацијата на активностите на проектите на кој е ангажиран/а;

– Техничка поддршка на координаторот во спроведување на активностите предвидени во проектите;

– Учество во следењето и оценувањето на спроведувањето на активностите предвидени во проектите;

– Поддршка во подготовка на извештаи, брифови, препораки, реакции и соопштенија;

– Поддршка во подготовка на месечни извештаи;

– Поддршка во подготовка на проектни периодични и завршни наративни извештаи;

– Поддршка во организирање настани, конференции и прес-конференции;

Услови што се бараат за вршење на работата / потребни квалификации:

– Најмалку диплома за завршено четиригодишно високо образование (т.н „стара програма”) или диплома со стекнати 180 кредити согласно ЕКТС во областа на правото, политичките науки или останати општествени области, завршени постдипломски студии ќе се сметаат за предност,

– Една година искуство во граѓанскиот сектор

– Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;

– Компјутерски вештини;

– Напредни организациски и комуникациски вештини.

Како предност ќе се смета:

– Завршено четиригодишно високо образование на правни студии (т.н „стара програма”) или дипломиран правник со стекнати 240 кредити согласно ЕКТС;

– Завршени постдипломски студии;

– Развиено чувство за работа со ранливи и маргинализирани заедници.

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивационо писмо. Во кратката биографија потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци од едно лице од претходно работно место. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk најдоцна до 20.02.2023 година.

Постапка за избор на кандидат/ка:

Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Најдоцна до 25.02.2023, најквалификуваните кандидат/ки ќе бидат известени дека ги исполнуваат условите за влез во следната фаза на изборот.

Последната фаза е усно интервју. Согласно резултатите од интервјуто ќе биде избран кандидат/ка кому ќе му/и биде понудена работната позиција. За сите фази се составува финална ранг листа врз основа на која, доколку избраниот кандидат ја одбие понудената работна позиција, се одлучува за наредниот најдобар избор се додека не се избере соодветен кандидат/ка.

Договор за вработување:

Со избраниот кандидат/ка Хелсиншкиот комитет ќе склучи договор за вработување на определено време, со пробен период од 3 месеци. Работната недела е составена од 5 работни дена со вкупно 40 работни часа, од понеделник до петок, од 9 до 17 часот. Взаемните права и обврски во договорот ќе бидат уредени во согласност со Законот за работните односи. Почетната месечна нето плата е помеѓу 25 000,00 и 30 000,00 денари, а таа може да расте во зависност од ангажманот во организацијата. Работното место е во седиштето на Хелсиншкиот комитет за човекови права на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83а во Скопје.

За сите дополнителни информации можете да се обратите на +389 (0)2 3119 073.