ОГЛАС ЗА АСИСТЕНТ/КА ЗА ФИНАНСИИ
Работно место: Асистент/ка за финансии
Краен рок: најдоцна до 23 декември 2022 год., 17:00 часот
Адреса за поднесување документација: helkom@mhc.org.mk
Хелсиншкиот комитет за човекови права е здружение формирано во 1994 година, чија мисија е заштита и унапредување на човековите права и слободи гарантирани со Уставот на РМ и меѓународните инструменти за граѓанските, политичките и за социјалните, економските и културните права, како и Завршниот документ од Хелсинки од 1975 година и градење на демократски услови во кои тие можат да се практикуваат врз основа на владеење на правото.
Хелсиншкиот комитет за човекови права, за потребите на спроведување на своите активности, објавува:
ОГЛАС ЗА АСИСТЕНТ/КА ЗА ФИНАНСИИ
Опис и работни задачи:
Следење на буџетите и спроведувањето на добри финансиски практики;
Подготовка на исплатите поврзани со пректите финансирани од Европската Унија;
Собирање и евиденција на комплетната финансиска документација за доделениот проект;
Евиденција на трошоци по буџетски ставки;
Aсистенција во подготовка на периодични и финален финансиски извештај;
Асистенција во подготовка на пресметки, буџети, поддршка во процес на јавни набавки како и евалуација на целокупните активности и документација;
Следење и контрола на македонското сметководство и меѓународните сметководствени стандарди;
Поддршка во спроведување на ревизии на европски проекти;
Поддршка во тековното работење на одделението за финансии на Хелсиншкиот комитет за човекови права
Други активности поврзани со секојдневното управување со финансиите на организацијата кои не се погоре споменати.
Потребни квалификации:
Дипломиран/а економист/ка со завршено четиригодишно високо образование на студии по економија (т.н. „стара програма”) или дипломиран економист со стекнати 300 кредити согласно ЕКТС;
Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;
Компјутерски вештини, со познавање на MS Excel;
Напредни организациски и комуникациски вештини.
Како предност ќе се смета:
Искуство во спроведување на проекти финансирани од Европската Унија;
Искуство на работа во динамична атмосфера и со куси рокови;
Работа во тим и искуство на докажана работа со партнерски организации;
Развиено чувство за работа со ранливи и маргинализирани заедници.
Рок и потребни документи за аплицирање:
Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивациско писмо. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk најдоцна до 23.12.2022 година до 17:00 часот.
При доставувањето на апликациите да се наведе работната позиција од огласот.
Постапка за избор на кандидат/ка:
Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремената и нецелосна пријава од кандидатите, нема да бидат земени во предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Најквалификуваните кандидати/ки ќе бидат повикани на интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто ќе биде избран кандидат/ка кому ќе му/и биде понудена работната позиција.
Договор за вработување:
Со избраниот кандидат/ка Хелсиншкиот комитет ќе склучи договор за вработување на определено време од 9 месеци. Работното време ќе изнесува 40 часа неделно.
Месечната нето плата е 35.000,00 денари.
Работното место е во седиштето на Хелсиншкиот комитет за човекови права на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83а во Скопје.