Оглас за ангажман на психијатри за потребите на проектот ,,Борба против тортура и нехуман третман”
Хелсиншкиот комитет за човекови права во соработка со Македонското здружение на млади правници, за потребите од спроведување на проектот ,,Борба против тортура и нехуман третман” финансиран од Европската Унија во рамки на програмата EuropeAid/172218/DD/ACT/MK, објавува јавен повик за ангажман на 2 (двајца) психијатри.
- Опис и цели на проектот
Општата цел на овој проект е да придонесе кон елиминација на тортурата и нечовечкото или понижувачко постапување во казнено-поправните установи, психијатриските болници како и други установи во кои лица се лишуваат од слобода. Притоа, специфичните цели кои проектот се стреми да ги оствари се следните: (1) Подигнување на свеста кај затворениците, лицата лишени од слобода како и пациентите во психијатриските установи и нивните семејства за користење на правните механизми за пријавување и барање на одговорност од надлежните институции во случаи на тортура и нехуман третман (2) Воспоставување на поголема одговорност на казнено-поправните установи, психијатриските болници како и други установите во кои лица се лишуваат од слобода во однос на преземање на мерки за елиминацијата на тортурата и нечовечкото постапување во установите во кои лица се лишуваат од слобода (3) Подобрување на капацитетите на правниците како и советници во казнено-поправните, воспитно-поправните и психијатриските установи за идентификување и спречување на тортура и малтретирање.
За ефикасно и ефективно спроведување на теренските посети, особено проценка на потенцијалниот импакт на материјалните услови во затворите и установите за лишување од слобода врз лицата кои што престојуваат во овие установи, неопходно е ангажирање на 2 (два) психијатри.
- Опис и работни задачи на психијатрите:
Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој Јавен повик, психијатарите ќе бидат ангажирани на теренски посети по потреба. Двете лица треба тимски да работат за проценка, помош и поддршка на лицата сместени во овие установи и ќе треба да ги спроведат следните работни задачи:
- Да земат учество во мониторинг посетите во затворите и психијатриските установи;
- Да прават проценка на состојбата во која се наоѓаат лицата сместени во овие установи;
- Да изготвуваат извештаи за проценката на состојбата на лицата сместени во овие установи;
- Да одржуваат редовна комуникација и координација со проектниот тим.
3.Потребни квалификации за психијатарите:
- Диплома за завршено високо образование – струка психијатрија;
- Искуство во работење или комуникација со ранливи групи и маргинализирани заедници;
- Работно искуство од најмалку пет години како психијатар;
- Како предност ќе се смета искуство во работење со осудени лица.
5.Временска рамка
Психијатрите ќе бидат ангажирани за времетраење на проектот. За секој работен ден предвиден е надоместок од 200 евра во бруто износ кои ќе бидат исплатени во денарска противредност. Вкупниот ангажман за двајцата психијатри изнесува 5.000 евра бруто износ во денарска противвредност за вкупно 25 работни дена.
6.Постапка и правила за пријавување, рок и избор
Овој повик е јавен.
Секој кој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на CV на следните е-маил адреси: ina.dzugumanova@mhc.org.mk и helkom@mhc.org.mk со назнака „Пријава за ангажман на психијатар“. Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци во однос на работното искуство. Рокот за аплицирање е до 1.4.2022 година, 17:00 часот.
За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведените е-маил адреси, како и на телефонскиот број 02/3119-073.