Обука за правно зајакнување на жените од маргинализираните заедници
ноември 6, 2024
Со цел поголемо правно зајакнување на жените од маргинализираните заедници на 22 октомври и 5 ноември 2024 година, се одржа обуката за нови параправнички од сите идентификувани маргиналзиирани заедници од скопскиот регион. Обуката беше организирана на повеќе локации (Комитет, ХОПС, с.Ракотинци), согласно потребите и можностите на учесничките од маргинализираните заедници.
Оваа активност ја организираше ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, во соработка со партнерите Хелсиншки комитет за човекови права и Коалиција Маргини во проектот „Еднаквост сега – Зајакнување на маргинализираните заедници за социјална инклузија и недискриминација“, финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика Мобилитас, со грантови за граѓански ангажман.
Учесничките на обуката се запознаа и дискутираа за значењето на поимите стереотипи, предрасуди и дискриминација и како тие да се препознаат. Под водство на Хајди Штерјова Симоновиќ од ХОПС – Опции за здрав живот и Александра Трајановска од Хелсиншкиот комитет, параправничките се запознаа со основните принципи на заштита од дискриминација и каква ќе биде нивната улога во заедниците од кои што доаѓаат.
Целта е преку повеќе обучени параправнички да се подигне свеста помеѓу жените од маргиналзиираните заедници за дискриминацијата и заштитата од дискриминација, за да се стекнат со знаења како да ги зајакнат другите жени во своите заедници. На тој начин ќе се постигне нивно поактивно вклучување во борбата против дискриминацијата.