Коментари на предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите

февруари 13, 2018

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, Македонското здружение на млади правници, Институтот за човекови права, Коалицијата Сите за правично судење и Центарот за правни истражувања и анализи заеднички подготвија коментари на предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите. Коментарите беа поставени во законскиот рок на Единствениот национален регистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР).