Извештај во сенка за Поглавјето 23 за периодот јуни 2018 – март 2019 година

мај 9, 2019

Овој извештај во сенка  е направен во рамките на проектот „Мрежа 23 – Вмрежување за влијание (NETWIT 23)“ што го имплементираат Институтот за европска политика – Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права, а е финансирaн од Балканскиот фонд за демократија и Амбасадата на кралството Норвешка во Белград.

Извештајот ги обединува во единствена кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки што произлегоа од следењето на областите структурирани во Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Всушност, ова е четврти извештај во сенка што го објaвува „Мрежа 23“. Претходните три се однесуваа на периодот октомври 2014 – јули 2015,1 јули 2015 година – април 2016 година и мај 2016 година – јануари 2018 година.

Извештајот го опфаќа периодот од почетокот на јуни 2018 година, заклучно со крајот на март 2019 година. Во него се прикажани податоци што се релевантни и пред јуни 2018 година. Периодот на опсег на извештајот е продолжен за да соодветствува на новиот извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија, што ќе биде објавен кон крајот на мај 2019 година. Овој извештај ја следи структурата на Поглавјето 23, согласно извештајот на Европската комисија.