јули 19, 2023

Истражување „Анализа на потребите и приоритетите на ЛГБТИ+ луѓето во Република Северна Македонија“

Хелсиншкиот комитет за човекови права и LGBTQ+ Victory Institute ги покануваат сите заинтересирани да учествуваат во истражувањето „Анализа на потребите и приоритетите на ЛГБТИ+ луѓето во Република Северна Македонија“. Поплнувањето на анкетниот прашалник трае околу 20 минути, а тој достапен на следниот линк: https://www.surveymonkey.com/r/XBWQMCJ

На почетокот на анкетниот прашаник можат да се најдат  информации за истражувањето, можните ризици, потребата од ваква анализа, заштитата на вашата приватност, како и потврдата за вашата согласност за учество.

Пополнете го прашалникот, затоа што Вашиот глас е важен и затоа што само заедно можеме да создадеме подобар свет за сите. Овие податоци ни служат да можеме да се залагаме за нашите права и многу ни е важно да ни кажете што мислите!