Иницијатива за донесување Закон за постапката и условите за избор на уставните судии
јуни 2, 2021
Хелсиншкиот комитет достави иницијатива до Министерството за правда за донесување Закон за постапката и условите за избор на уставните судии. Овој период, непосредно пред изборот на петмина нови уставни судии, е најсоодветна прилика да се разгледа прашањето за нормирање и регулирање на постапката и условите за избор на уставните судии со нов закон. Доколку во овој момент не започне постапката за негово правно уредување, ова прашање ќе остане недопрено и во следните седум години, а нереформираното уставно судство ќе значи сериозен удар врз принципот на владеење на правото и поткопување на темелите на правната држава. Хелсиншкиот комитет за човекови права уште во 2016 година ја изготви анализата „Уставниот суд во стегата меѓу политичките интереси и човековите права“, при што, детектираните слабости во анализата се присутни и денес, а предлозите на анализата, можат да послужат за подобрување на состојбите во уставното судство.
Оваа иницијатива е мотивирана од досега многукратно констатираната слабост на уставното судство како заштитник на човековите права, имајќи го предвид предвид досегашното работење на Уставниот суд, чиј углед и авторитет е доведен во прашање поради низа причини.
Интегралниот текст на иницијативата може да се преземе подолу: