декември 7, 2022

Им се стеснува просторот за делување на граѓанските организации

Во рамките на проектот  „Предизвикување на стеснувањето на просторот за граѓанскиот сектор во Западен Балкан“, денеска (7 декември, 2022г.), на покана на Хелсиншкиот комитет за човекови права се одржа тркалезна маса на која беа поканети претставници од институциите и граѓанските организации.

По оваа средба ќе биде подготвен документ со заклучоци и препораки, кој ќе биде испратен до сите институции и граѓански организации.