Граѓаните да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список до 11 март

март 2, 2020

Хелсиншкиот комитет за човекови права ги повикува граѓаните да ги проверат податоците во Избирачкиот список за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. Согласно јавниот повик објавен од страна на ДИК, увидот трае до 11 март 2020 година.

Проверката се прави на официјалната веб страна на Државната изборна комисија www.sec.mk и во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Оние кои сметаат дека треба да побараат измена, дополнување или бришење на податоците, треба да достават барање до подрачните одделенија и канцеларии на ДИК и да ги пополнат обрасците кои се достапни на следниот линк:

https://www.sec.mk/obrasci-za-baranje-za-zapishuvanje-brishenje-i-promena-na-podatoci-vo-izbirachkiot-spisok/

Важна напомена!

-Граѓаните кои на денот на изборите навршиле 18 години и коишто на денот на распишувањето на изборите немале важечки лични документи, ќе бидат во Избирачкиот список. Сепак, овие граѓани ќе можат да го остварат правото на глас само доколку на денот на изборите имаат важечки лични документи.

-Граѓаните кои немале важечки документи на денот пред распишувањето на изборите, нема да бидат на Избирачкиот список. Тие ќе треба да поднесат барање за запишување во Избирачкиот список како и да ги обноват своите лични документи.

Хелсиншкиот комитет им стои на располагање на сите граѓани кои имаат потреба од правно советување, заради непречено остварување на гласачкото право, кое е загарантирано со Устав.

 

*Документите подолу се преземени од веб страната на ДИК.