Фестивалот “Movies that Мatter” со проекција на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово
декември 11, 2019
Хелсиншкиот комитет за човекови права и Амбасадата на Кралството Холандија ве покануваат на втората проекција од овогодишното издание на филмскиот фестивал “Movies that Мatter”, по повод одбележување на Меѓународниот ден на човековите права. Проекцијата на филмот Facing the dragon, од режисерката Sedika Mojadidi, ќе започне во 13:00 часот, на 12 декември (четврток) на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. По проекцијата следи дискусија со професорката Беса Арифи, Џане Крешова – претседателка на Женски форум Тетово и Аделина Марку – новинарка. Модераторка ќе биде Тања Стоименовска од Хелсиншкиот Комитет за човекови права.
Документарниот филм е одличен медиум за да ги прикаже и доближи состојбите и прекршоците на човековите права, како и борбата за истите во различни делови на светот преку јазикот на филмот, како и да отвори дискусија за различните аспекти на човековите права прикажани преку избраните филмови.