Барање до Влада на РСМ за дополнување на одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата

април 9, 2020

Согласно прогласената вонредна состојба во државата и зголемениот ризик од семејно насилство, Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство подготви Барање за дополнување на одлуката од 06.04.2020 година (36-та седница на Влада на РСМ) за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата,

Имено во текот на полицискиот час треба да има исклучоци од санкции за жени жртви и нивните деца кои го напуштаат домот поради закана и директен ризик од насилствоИсто така бараме во текот на временското ограничување на движењето на граѓаните во случај на насилство во домот, по пријава сторителите на семејно насилство да бидат остранети од истиот и да се превземат соодветни санкции против него(приведување, покренување на привремении мерки за заштита и др.) се со цел да се заштити жртвата од идно насилство во својот дом.

Целото барање може да се прочита подолу.