Граѓанските организации бараат итно донесување на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација
февруари 28, 2019
Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација веќе 8 месеци е заглавен во Собранието: неговото донесување арбитрарно се одолговлекува што ги лишува граѓаните од ефективни и ефикасни механизми кои ќе ги заштитуваат од дискриминацијата со која секојдневно се соочуваат во различни области.
Досегашното законско решение не ја оствари целта, односно не придонесе кон ефикасна и ефективна заштита од дискриминација. Мапираните недостатоци во постоечкиот закон се надминаа со Предлог-законот кој предвидува професионализација на Комисијата за заштита од дискриминација, построги критериуми за избор на комисионерите, јавно спроведен избор на комисионери, пократки рокови на постапката за заштита од дискриминација, јакнење на независноста на ова тело и зголемување на надлежностите. Со законот се предвидува и ослободување од плаќање на трошоци за судски такси за граѓаните коишто ќе поведат постапка за дискриминација и се овозможува тужба за заштита од јавен интерес (actio popularis). Во предлог-законот конечно се додадоа сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за дискриминација, а се проширија и доуредија облиците на дискриминација – имено, експлицитно се препозна сегрегацијата како облик на дискриминација, што е од исклучително значење на Ромите и луѓето со попреченост.
Истакнуваме дека донесувањето на законот е неопходно за градење на еднакво и инклузивно општество во кое нема да се премолчува пред дискриминацијата кон кој било граѓанин и граѓанка. Ромите, жените, луѓето со попреченост, ЛГБТИ луѓето, сиромашните и социјално исклучените граѓани, различните етнички заедници, сексуални работници, луѓето што живеат со ХИВ, луѓето што употребуваат дроги и останатите различни групи на пациенти, се соочуваат со маргинализација како последица од дискриминаторските практики на институциите и предрасудите од страна на околината. Дискриминацијата претставува клучен проблем за сите овие заедници: им го оневозможува учеството во општеството под еднакви услови и генерира сиромаштија, ранливост на насилство и исклучување од сите општествени сфери.
Со одолговлекување и блокирање на донесувањето на овој Закон, Собранието го загрозува и процесот на европските интеграции. Европската Комисија бара промена на законот согласно стандардите на европското право уште од 2011 година. Амбасадите кои ја поддржуваат Македонија во европските интеграции порачаа дека донесувањето на законот е услов за позитивен извештај за Македонија и за почеток на преговорите за членство. Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација, како што е предложен на Собранието, веќе доби позитивно мислење од Венецијанската комисија што е уште една потврда за квалитетот на предлогот и за придобивките кои ќе ги донесе овој закон за граѓаните на нашата држава.
Со цел пресретнување на роковите за следниот извештај на Европската Комисија, избегнување на понатамошно одолговлекување и понатамошни повреди на човековите права на граѓаните, бараме Собранието веднаш да свика седница на матичното тело за законот, Комисијата за труд и социјална политика, и да ја заврши законодавната постапка пред претседателските избори.
Организатори и поддржувачи на барањата се 100 здруженија, сојузи и фондации и мрежи на граѓански организации.
Мрежа за заштита од дискриминација
Национална мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата
Платформа за родова еднаквост
Мрежа 23
Мрежа за застапување на правата на Ромите
Македонска платформа против сиромаштија
Платформа за одржливост на програмите за превенција, грижа и поддршка за ХИВ
- 1.Коалиција МАРГИНИ
- 2.ХЕРА- Асоцијација за здравствена едукација и истражување
- 3.Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ
- 4.ХОПС- Опции за здрав живот Скопје
- 5.Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
- 6.ЛГБТИ Центар за поддршка
- 7.Македонско здружение на млади правници
- 8.Сонце- Асоцијација за демократски развој на Ромите
- 9.Фондација Отворено општество – Македонија
- 10.Институт за европска политика – Скопје
- 11.Институт за човекови права
- 12.Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ- „Заедно посилни“
- 13.Здружение за критички пристап кон родот и сексуалноста „Субверзивен фронт“
- 14.ЕГАЛ – Еднаквост за геј и лезбејки
- 15.ЦИВИЛ – Центар за слобода
- 16.Европски центар за права на Ромите
- 17.СТАР-СТАР – Здружение за поддршка на маргинализирани работници
- 18.Транспаренси интернешнл Македонија
- 19.Ромски Ресурсен Центар
- 20.Ромска Асоцијација за жени и млади Лулуди
- 21.Дивес- Виница
- 22.Нево Џивдипе- Виница
- 23.Месечина- Дебар
- 24.Мултиетничко општество за човекови права- Штип
- 25.Организација на ромска младина Бела Кула- Кичево
- 26.Здружение за перспективна интеграција и развој Рома Перспектив- Прилеп
- 27.ДРОМ- Куманово
- 28.Здружение на Роми Авена- Кочани
- 29.Национален демократски Институт
- 30.Иницијатива на жени од Шуто Оризари
- 31.НВО Светла Иднина- Кочани
- 32.Здружение Центар за образовна поддршка „Дендо вас“ – Скопје
- 33.Здружение за развивање на општествени дејности Кхам Сијан – Скопје
- 34.Институт за истражување и анализа на Политики „Ромалитико“
- 35.НВО „Преродба“ – Кичево
- 36.Здружение за правата на Ромите – Штип
- 37.Здружение на правници Роми – Скопје
- 38.Здружение за едукација и советување „Д-р Берат” – Скопје
- 39.Центар за развој на ромската заедница „Баирска светлина” – Битола
- 40.Здружение МИР Скопје
- 41.Ромска организација на жените од Македонија „ДАЈА“ – Куманово
- 42.Ромски младински центар – Куманово
- 43.Здружение на граѓани „Ромаверзитас“
- 44.Сумнал – Здружение за развој на ромската заедница
- 45.Здружение „Терно Bас” – Берово
- 46.Регионална ромска образовна младинска асоцијација – Кратово
- 47.Здружение на граѓани „Подготви свој пат” – Кочани
- 48.Асоцијацијата за развојни иницијативи ЗЕНИТ – Скопје
- 49.Порака – Републички центар за поддршка на луѓето со ментална попреченост
- 50.Полио Плус – движење против хендикеп
- 51.Здружение на студенти и младинци со хендикеп- Скопје
- 52.Здужение „СОЛЕМ“
- 53.Здружение „Нова искра“ Скопје
- 54.Бори се женски
- 55.Нацинален совет за родова рамноправност НСРР-СОЖМ
- 56.Здружение на граѓани за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје
- 57.Здружение за унапредување на меѓусебна доверба ТАКТ
- 58.Здружение Женски Форум – Тетово
- 59.Здружението за унапредување на родовата еднаквост „Акција Здруженска“
- 60.Реактор – Истражување во акција
- 61.Здружение „Доверба“
- 62.Црвен крст на РМ
- 63.Здружение „Опција“ – Охрид
- 64.„Зона“ – Кавадарци
- 65.Центар за унапредување на јавен живот – Тетово
- 66.ХЕЛП – Гостивар
- 67.Младински клуб – Штип
- 68.„Избор“ – Струмица
- 69.ПУЛС – Куманово
- 70.Интер етник проект – Гостивар
- 71.„Виа Вита“ – Битола
- 72.Хуманитарно здружение „Мајка“ – Куманово
- 73.Организација на жени на Град Скопје
- 74.Здружение на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија
- 75.Младински образовен форум- МОФ
- 76.Коалиција сите за правично судење
- 77.КХАМ Делчево
- 78.„Мултикултура“
- 79.Совет за превентива против малолетничка деликвенција – СППМД
- 80.Здружение на просветни работници и заштита на правата на жените и децата „ЛИЛ“-Скопје
- 81.Здружение за развој и унапредување на ромската заедница „РОМАНО ЧАЧИПЕ“
- 82.Центар за социјални иницијативи „Надеж“
- 83.„Сочувај Лекувај“- Здружение на пациенти со заболувања на црн дроб (СЛАП)
- 84.Младински културен центар – Битола
- 85.Здружение за третман на лицата со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“
- 86.Иницијатива за развој и инклузија на заедниците – „ИРИЗ“
- 87.Здружение Хуманост
- 88.Женска граѓанска иницијатива АНТИКО
- 89.Јустиција
- 90.Станица П.Е.Т
- 91.Центар за интеграција и поддршка SIEC Macedonia
- 92.Здружение Млади Европски Федералисти – Македонија (ЏЕФ Македонија)
- 93.Национална федерација на фармери
- 94.Здружение Национален ромски центар Куманово
- 95.Здружение за поддршка на лица со ментални болести и останати маргинализиарани групи во Република Македонија
- 96.Асоцијација Мисла – Скопје
- 97.Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство
- 98.Здружението за едукативен развој Еквалис
- 99.Националниот младински совет на Македонија
- 100.Рурална Коалиција