ноември 21, 2023
Едукација за дигиталната безбедност
Месец октомври традиционално е посветен на едукацијата за дигиталната безбедност. Денеска почнува кампањата која низ загатки ќе ви појасни некои од основните поими, како што се менаџер на лозинки, бекап, енкрипција.
Следете не’ на социјалните мрежи и проверете колку сте добри во решавање загатки.
1.Загатка:
Јас сум дигитален чувар на вашите log-in информации, апликација која безбедно управува со сите податоци за различни онлајн налози. Може да генерира мнoгу сложени лозинки, олеснувајќи ја најавата, без притоа да има потреба за да се запамтат или запишува лозинките.
Што сум јас?
Менаџер на лозинки
Менаџерите на лозинки ги чуваат вашите лозинки и го намалуваат ризикот од користење на слаби или исти/слични лозинки на различни сервиси, со што се подобрува безбедноста и практичноста на вашите онлајн налози.
2. Загатка:
Јас сум тунел. Ја шифрирам интернет врската и преку сервер ја насочувам кон различни места, правејќи да изгледа како да сурфате од различини IP адреси. Ја заштитувам вашата IP адреса од веб сајтови кои ги посетувате и ја кријам вашата онлајн активност од интернет провајдерите.
Што сум јас?
Виртуелна приватна мрежа (VPN)
VPN е алатка која го шифрира вашиот интернет сообраќај и го насочува преку оддалечен сервер. Ова не само што ја подобрува вашата онлајн приватност, сокривајќи ја вашата вистинска IP адреса, туку и ги штити вашите податоци со енкрипција, со што вашата интернет активност ќе остане приватна и заштитена од потенцијално прислушување.
3. Загатка:
Ги кријам вашите дигитални податоци. Јас сум начин како да ги претворите важните информации, (пример: пораките, сликите или лозинките), во таен код што само вие и личноста на која и’ ги праќате може да ги разбере и чита.
Што сум јас?
Енкрипција
Енкрипцијата е процес на претворање на читливи податоци во нечитлив формат со користење на алгоритми и клучеви за шифрирање. Обезбедува доверливост и сигурност на податоците во текот на преносот или складирањето. Секаде каде што се наоѓаат податоци може да се енкриптира, вклучувајќи ги: мејловите, чет апликациите, хард дисковите, клауд склаирањето и резервните копии.
4. Загатка:
Јас сум дигитален имитатор, имитирам дека сум легитимен мејл или порака. Мојата цел често е злонамерна, затоа што често имам лажни линкови или малициозни прилози, надевајќи се дека ќе ве измамам и излажам.
Што сум јас?
Фишинг
Фишинг мејлови се лажни пораки кои изгледаат дека доаѓаат од сигурни извори, (пример: банки, социјални мрежи или државни институции). Целта им е да го измамат примателот да открие доверливи информации, да кликне на злонамерен линк или да преземе заразен прилог. Препознавањето и избегнувањето на фишинг пораки е клучно за онлајн безбедноста.
5. Загатка:
Јас сум дополнително ниво на заштита на вашите налози и сум комбинација на нешто што знаете и нешто што веќе го имате. Спречувам неовластен пристап до вашите налози.
Што сум јас?
Двофакторска автентификација (2FA)
Двофакторската автентификација е безбедносен метод што додава дополнително ниво на заштита на сите ваши онлајн налози. За да се пријавите неопходно е да имате не само лозинка (нешто што го знаете), туку и друг фактор на автентикација, како што е привремениот код испратен на вашиот мобилен апарат или генериран од страна на апликацијата (нешто што веќе го имате). 2FA значително го отежнува пристапот до вашите налози од неовластени лица, дури и ако ја знаат вашата лозинка.
6. Загатка:
Јас сум дигитална архива, реплика на важните податоци, сместени на безбедно, на облак или на екстерен хард диск. Кога ќе наиде неочекуван кибер инцидент, овозможувам безбедно да се обноват информациите. Го почитувам мудрото правило 3-2-1.
Што сум јас?
Резервна копија
Резервните копии се копии на важните податоци сместени одвоено од примарното место на складирање (на пр. хард дискот на вашиот компјутер). Служат како заштита од губење на податоците како последица на расипување на хардверот, оштетување на податоците или случајно бришење. Во случај на неочекуван сајбер инцидент, може да ги вратите податоците од резервната копија со што вашите информации остануваат безбедни и достапни.