Затворениците во Идризово и натаму се жалат на лоши услови околу третманот против ковид
ноември 26, 2020
Поплаките на затворениците за лошо постапување околу здравствените услуги не престануваат. Оние кои имаат симптоми изразуваат загриженост дека не добиваат соодветни анти – ковид лекови. Во моментов, 58 притвореници од одделението 6, во затворот Идризово се во целосна изолација за да се спречи ширење на вирусот. Хелсиншкиот комитет за човекови права вели дека здравствениот третман на затворениците треба да се направи навреме.
Управата на затворот остана на позицијата дадена пред една недела дека никому не му е скратено правото да добие медицински услуги. Директорот Јовица Стојановиќ рече дека ја имаат целата хигиенска и санитарна опрема и медицински персонал од ЈЗУ Скопје, за да им дадат дневни терапии на пациенти со ковид 19.
Од почетокот на пандемијата во затворот Идризово имаше шест случаи на болни од ковид. Терапијата во ќелиите се изведува според протоколот за домашно лекување. Во случај на влошување на здравствената состојба, тие се префрлат на Инфективната клиника во Скопје, но не ги чува полицијата поради ризик од зараза.
Adna Qaili