јануари 29, 2021

(ВИДЕО) 360 Степени сезона 7, емисија 35 – дебата за случајот „Јавна соба“

Зошто требаше да помине една година од првиот аларм во јавноста за постоењето група на „Телеграм“ на која се споделува порнографски материјал, па дури и детска порнографија, за надлежните органи да почнат да дејствуваат? Ќе има ли одговорност за оние што сториле кривични дела во „Јавна соба“, а пред тоа и колку е лесно или тешко администраторите и учесниците во групата да се доведат во врска со некое кривично дело? Можно ли е залекување на последиците кај жртвите и како? Петрит Сарачани денеска пишува – „човечкиот, емотивниот и моралниот трулеж на ‘Јавна соба’ е, за жал, само врвот на гнилата санта.“

На оваа тема во „360 степени“ разговараме со: Ана – жртва во „Јавна соба“, Тони Ангеловски – помошник-министер во МВР, Уранија Пировска – Хелсиншки комитет и Ирена Цветковиќ – Коалиција „Маргини“.

Емисијата „360 степени“ е емитувана во петок на 29 јануари 2021 г. од 22:00 часот на ТВ Алсат.