СЈО: Почеток на уште една приказна за изневерените очекувања

декември 28, 2018

По серија постапки на СЈО веќе тоа не можеме да го кажеме, сега тоа е обвинителство што реагира на импулсите од политиката, како што се последните одлуки околу притворите во случајот Империја. СЈО веќе не е специјално, Владо Апостолов, новинар во БИРН. 

Уште од денот на формирањето во септември 2015 година, Катица Јанева и нејзините обвинители веднаш почнуваат да работат на најголемите и најмасивни корупциски и криминални случаи во историјата на Македонија. Нивната работа допрва треба да го обезбеди конечниот пресврт во правосудството промовирајќи го интегритот и независноста од извршната власт. Првата плата ја добиваат дури три месеци по формирањето, а  во во меѓувреме сведоците ги испрашуваат во хотелски соби, во каква што живее и самата главна обвинителка Катица Јанева. На властите воопшто не им се брзаше да им обезбедат буџет за да работат. Не бадијала тие станаа бренд на борбата со кликата корумпирани моќници од врвот и станаа одраз на поривот за  правда кај  граѓаните на  Македонија.

Се печатеа маички и беџови со лицата на обвинителите, а за прв пат по долго  време во Македонија моќта ја симболизираа токму жени. „Вистинските чарлиеви ангели” ќе напише британскиот јавен сервис во репортажа за Специјалното јавно обвинтелство. „Македонската Бијонсе“ е, пак, насловот на „Фајненшл Тајмс““ во 2016 година алудирајќи на славата на македонската обвинителка и реткоста на слуачите во коишто народни ѕвезди стануват обвинители, а не естрадни уметници и политичари.

„Правдата ќе ве стигне секаде и сите, не постои совршено злосторство“, ова е изјава на обвинителката Фатиме Фетаи од пред две години кога во јавноста за прв пат се покренуваа истраги против оние за кои перцпецијата во јавноста беше дека се „недопирливи“. Оваа изјава заврши и на транспарентите од Шарената Револуција.

Но, нештата заземаат поиканов тек ако се суди по реакциите на јавноста, но и по анкетите кои илустираат пад на довербата во оваа организација. Гаџетите со лицата на обвинителките денеска се заменети со критични осврти кон нивната работа. Не се гледа со симпатии на Законот на амнестија.

Добар дел од критичната, но и широката јавност гледа гневно на поддршката на Специјалното јавно обвинителство за заменување на затворскиот со домашен притвор без разлика на наративнот во јавноста дека оваа е цената за евроатланските интеграции.

„Доколку споредиме три истражувања на јавното мислење, во 2018 и 2016, направени на почетокот на тие години, значи се однесуваат на 2017 и 2015, и ова на крајот на 2018 година, сите направени од МЦМС, може да се забележи следново: На почетокот на работата на СЈО, довербата била 38%, понатаму во 2017 пораснала на 45%. На крајот на 2018 изнесува 41% што не е драматичен пад. Растот на довербата кореспондира со покренување на обвиненија. Сегашната доверба, и благиот пад кореспондира со неуспехот да се испорача, односно со разочараноста на граѓаните од бегството на Груевски и неизвесноста околу пресудите по другите обвиненија“, вели политикологот Миша Поповиќ од Институтот за демократија, нагласувајќи дека, сепак, јавноста треба да е спремна на тоа дека борбата против високата корупција и организираниот криминал секаде оди тешко и потребно е време.

Перцепциите се влошија со бегството на Никола Груевски. Јавноста и забележа на Катица Јанева и се постави прашањето зошто СЈО никогаш не побара притвор или посилни мерки за Никола Груевски.  Откако бегството на Груевски се потврди како реалност, Јанева излезе на телевизиско интервју во кое што дополнително ги подгреја тензиите со изјавата дека нема да бара притвор за Сашо Мијалков, за подоцна тој, но и моќници од бизнисот како Јордан Камчев и Цветин Панделески да бидат притворени.

Измените во Кривичниот законик денеска се изгласани од парламентоот, а беа дочекани со вознемирување кај ескпертската јавност. Се стравува дека измените ќе допрат до случаите на СЈО и можно е целосно да ги потонат.

„Намалено е нивното влијание и нема доверба во нив како во орган којшто требаша да ја донесе правдата во Македонија, Од притворањата на Сашо Мијалков и Јордан Камчев  се стекнува впечаток дека се работи под одредени насоки. Ако го гледаме политички, тогаш неизбежн и се перцепциите дека тие биле приведени или притворени само за да се смири  јавноста после бегството на Груевски. За сега, повторно по барање на СЈО, да бидат пуштени од притвор. Во принциип граѓанските организациии никогаш не би биле за мерка притвор како таква, но сметаме дека овде постојат злоупотреби“, вели Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншкиот комитет за човекови права во Македонија и дел од иницијативата на 16-те невладини организации испратена денеска, часови пред Собранието да ги изгласа без ниту еден глас против и само со еден воздржан.

Вчера од притвор излегоа  Камчев и Панделески, а денеска Миле Јанакиески и Кирил Божиновски. Дополнително, Специјалната обвинителка Катица Јанева до судијата на претходна постапка од „Империја“, препорача Сашо Мијалков да замине во куќен притвор.

„Иако СЈО се изроди од Пржинскиот процес и беше гласано во Собранието, неговото постоење беше овозможено од огромната поддршка меѓу граѓаните што се покажа и за време на Шарената револуција и подоцна на анкетите. Тоа беше вистинско народно обвинителство, во смисла на тоа дека работи во имтересите на граѓаните. По серија постапки на СЈО веќе тоа не можеме да го кажеме, сега тоа е обвинителство што реагира на импулсите од политиката, како што се последните одлуки околу притворите во случајот Империја. СЈО веќе не е специјално“, за жал, вели новинарот Владо Апостолов од Балканската истражувачка репортерска мрежа којшто долги години работеше на случаи на висока корупција во власта.

Ова дополнително ги зовре реакциите во јавноста и ги подгреа шпекулациите дека постои политички пазар за спас на кликата моќниции во замена за гласови за промена на Уставот, а во којшто пазар посредник е правосудниот систем.

СЈО мора да биде островот на интегритет и да се спротивстави на политичките преговори. Институцијата мораше да се побуни против преговорите, и да алармира дека, на пример, предложените измени на Кривичниот Законик во Собранието, сериозно ќе влијаат на процесите кои ги водат. За крај, СЈО не треба да биде „жртвеното јагне“ на политичките преговарања, но истовремено не треба да биде и нем актер во процесот, вели Миша Поповиќ.

Истражувачката репортерска лабораторија побара од Специјалното јавно обвинителство да појасни дали стравува дека нивниот мандат може да биде засегнат од измените во Кривичниот законик.

Дали како важен фактор во општеството сте генерално загрижени дека вакви закони ќе влијаат врз вас како дел од пошироките граѓанскии напори за востановување на принципите на владеењето на правото како темелна вредност на нашиот Устав?, праша, меѓудругото ИРЛ во прес службата на СЈО по реакциие на граѓанските организации.

Специјалното јавно обвинителство одговори дека не би можеле сега да судат, туку чекале мислење од стручнната јавност и правни експерти. А позитивното мислење на Јанева во корист на барањето на Мијалков за домашен притвор, навестува дека до вечерва уште една „крупна ѕверка“ од притвор ќе прејде на удобно во топлината на своите луксузни домови.