мај 1, 2023
Први мај: Се’ уште има причини за протест
„Поразително е за нашето општество ако прифатиме за нормално странски работници тука да бидат третирани како робови“, вели во разговор за БИРН, Зоран Василески, долгогодишен активист и правен советник при Хелсиншкиот комитет за човекови права, околу актуелните случувања со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.
За Василески, значењето на Први мај денес е уште поголемо од минатото, бидејќи по 137 години од првиот штрајк во Чикаго, работниците сè уште не ги уживаат сите права.
„Проблемите, како вознемирување на работното место, експлоатација, прекувремена и неплатена работа, незадоволително социјално и здравствено осигурување се останати“, нагласува Василевски во интервју за БИРН.