Пировска: Сенсот за социјалната благосостојба кај ризичните групи на граѓани да преовлада и да биде приоритет на било која следна влада
мај 22, 2020
-За Хелсиншкиот комитет кој има најширок мандат во заштитата на човековите права ова беше период кога имавме навистина многу работа. Зголемен процент на пријави од страна граѓаните, но и напшиот мониторинг беше многу посилен. Кога се наоѓате во вонредна ситуација и која што самата по себе бара дерогирање на одредени права, мора да внимаваме дали власта ќе пречекори одредени граници во своето владеење.
-Јас на почетокот стравував од злоупотреби. Задоволна сум од фактот што не се најдовме на листата од земји кад ешто постои можност од злоупотреба на ситуацијата како што е на пример Унгарија. Точно е дека беа дерогирани многу од правата, како слободата на движење и ред други права кои што навистина беше неопходно да бидат дерогирани, но не сметам дека беше премината онаа опасна граница кога може да се каже дека се спроведува еден вид на диктатура, изјави во Утрински брифинг, Уранија Пировска директорка на Хелсиншкиот комитет.
-Говорејќи за мерките од владата и спроведувањето на карантинот како начин за заштита на јавното здравје, Пировска вели дека не би било потребно да се поминува низ строг карантин ако МВР си ја работело својата работа и Владата ја ограничела слободата на верските објекти, нешто што се случи во соседните како и во многу европоски држави.
-Во ваква состојба во фокус ни се ранливите групи. Ние постојано добивавме јавувања од работниците, особено во месец април, но сега се бележи драстично намалување на тој број. На почетокот имаше принудувани работници да потпишат спогодбени откази. Ние апелиравме да не потпишуваат и да се консултираат со нас. Но тука се зголеми нашата соработка со Државниот инспекторат за трд. Кога слушнав колку инспекциски надзори направил (мислам дека околу 33.000) бевме изненадени од новната ефикасност и работа на терен. Побаравме да се стави мораториум на отпуштањата, односно фирмите кои добиле финансиска помош да не може да ги отпуштаат работниците. Поголем дел од барањата ни беа одобрени од Власта, освен опфатот на работниците и времетрањето за кое што ќе го добиваат тој паричен надоместок, изјави Пировска.
-Нас ни е јасно дека сега не може да се случат системски промени, но наша работа е да кажеме дека тие треба да се случат, бидејќи во ваква криза ја гледате јасно позицијата на тие кои пто се ранливи. Не станува збор само за социјален пакет мерки итн…мислам дека Синдикатите кои сега станаа поактивни е потребно во следниот период кога ќе имаме стабилно мнозинство и нова влада, да се пристапи кон еден сет мерки, да се усвојат измените во Законот за работрни односи, можеби да се направат измени во колективниот договор, но сето тоа да оди во насока на тоа обичниот работник да се чувствува дека има исти права како сите други во оваа земја, додава Пировска.
Целиот разговор во кој Пировска говори и за Законот за дискриминација погледнете во видеото