ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Кочо Андоновски: Македонските институции промовираат неказнивост за насилството врз ЛГБТИ луѓето
јуни 24, 2023
Во пресрет на денешниот Skopje Pride 2023, погледнете го интервјуто на нашиот програмски директор Кочо Андоновски, кој се осврнува на актуелните предизвици со кои се соочуваат ЛГБТИ луѓето во земјава.
Состојбата со почитување на човековите права на ЛГБТИ луѓето во оваа земја не е розова. Факт е дека ние како општество имаме уште долг пат да изодиме од онаа цел за која всушност сите сме тргнале а таа е можеби и нашата ултимативна цел – фактичка еднаквост за сите луѓе па и за ЛГБТИ лицата.
Хелсиншкиот комитет во својот извештај за минатата година бележи дека имаме зголемување на насилството и говорот на омраза врз ЛГБТИ луѓето во земјава. Имаме 36 анти – ЛГБТИ инциденти лани. Кога ќе се земе вкупната бројка на регистрирани инциденти за говор на омраза забележани во извештајот доаѓаме до статистика која покажува дека околу 22 отсто од инцидентите регистрирани на оваа тема се токму направени врз оваа заедница, посочува Андоновски.