април 14, 2021
Како пандемијата ги погоди лицата од ЛГБТИ заедницата
Ковид кризата силно ги погоди луѓето од ЛГБТИ заедницата-донесе несигурност, губење на работните места, бездомништво и она што е најстрашно, семејно и насилство од околината. Затворени дома, без работа и услови за самостојно живеење, со семејства кои не ја прифаќаат нивната сексуална ориентација многу од нив се соочуваат со психолошко и физичко насилстсво.
Од извешаите на Хелсиншкиот комитет и ЛГБТИ центарот за поддршка може да се види пораст на семејно и родово засновано насилство, со повисоки стапки на злосторства од омраза и говор на омраза врз основа на сексуална ориентација или родов идентитет за време на кризата, а јавувањата за помош се трикратно зголемени.
Гости во последното издание на емисијата 25 минути се: Зорица Николова, менаџерка на ЛГБТИ Сигурна Куќа, Амарилдо Фецањи, директор на ЕРА – Асоцијација за еднакви права на Западен Балкан, Беким Асани, Здружение ЛГБТИ Јунајтед Тетово, Кочо Андоновски, директор на ЛГБТИ Центарот и Тасим Махнуди, заштитено лице во ЛГБТИ Сигурната Куќа.