Хелсиншкиот комитет: Апел до Обвинителството да спречи одмазда кон Иловска

февруари 15, 2022

Линк до оригиналната статија

 

Хелсиншкиот комитет за човекови права ја поздравува одлуката на Основниот суд Велес да ја ослободи Пале Иловска од обвинението за убиство во миг.

„Водејќи се од изнесените докази на главната расправа, судот констатира дека делото е направено во нужна одбрана и ја потврди оправданоста на нашите залагања за промена во обвинението поради историјата на насилство во овој случај.

Комитетот и понатаму ќе ја следи постапката и ќе бара одговорност од полициските службеници од СВР Велес, кои со своето непостапување по пријави за семејно насилство грубо ги прекршиле своите законски овластувања и овозможиле ескалација на насилството“, велат од Хелсиншкиот комитет.

Во вчерашното сведочење Иловска изјави дека до неа стигнале информации оти колега на починатиот полицаец сакал да ја одмазди неговата смрт. Од Хелсиншкиот комитет апелираат до Јавното обвинителство веднаш да поведе постапка по допрен глас и да превенира понатамошно насилство врз една жртва малтретирана со години, а која не добила заштита од институциите.