јануари 12, 2020

Хелсиншки бара да му се активира условната казна на заканувачот на новинари

По заканувачките пораки од Емил Јакимовски, новинарката Мери Јордановска вели не се чувствува безбедно деновиве но според реакциите од јавноста и институциите се надева дека надлежните ќе преземат соодветни мерки.

Од Хелсиншкиот комитет уште вчера во МВР го пријавиле заканувачот за загрозување на сигурноста.

Очекуваат да му биде активирана условната казна и да заврши во затвор.

Од обвинителството пак очекуваат до нив да пристигне кривична пријава за да почнат со истражување.

Објаснуваат дека е неопходно за ваков случај да има пријава и да ја добијат приватната комуникација мегу заканувачот и жртвата.

Но за него се најавуваат и други пријави. Новинарката Искра Коровешовска вчера била мета на навреди од Јакимовски.

Таа на својот фб профил најави дека во понеделник ке го пријави  во МВР

Лицето Емил Јакимовски удри врз мојата чест како новинар, како човек и како жена, навредувајќи ме на најодвратен начин и што е уште пострашно сето тоа го проследи со најприземни закани во стилот „ќе видиш ти што ќе ти се случи кога ќе ме сретнеш надвор“напиша Коровешовска.

Навредите на мета на директорката и други вработени осамнаа и на фејбук страната на централниот регистар каде работи Јакимовски.

Директорката Марија Бошковска Јанковски објави дека страната е хакирана и се изработува нова но се сомнева дека зад ова стои токму  Јакимовски.

За овој случај најави пријава до секторот за компјутерски криминал при МВР.

Страницата е искреирана уште пред 10 години од лицето Емил Јакимовски во времето кога тој бил раководител на Одделението за маркетинг и односи со јавност. Централен регистар на Република Северна Македонија се сомнева дека ова лице стои зад постовите кои се појавија на фан страната на социјалната мрежа Фејсбук во изминатото деноноќиевели Бошковска Јанковски.

Бошковска Јанковски вчера информираше дека за Јакимовски се водат дисиплински постапки.

Освен директорката која вели дека со месеци била мета на закани и напади, тој се заканувал и на други вработени, но одлука од дисциплинската комисија нема бидејки со месеци бил на боледување.

Јакимовски периодов се најде во медиумите и полицискиот билтен и поради кражба во бензиска пумпа а откако бил фатен и однесен во СВР Куманово се однесувал агресивно и физички нападнал полицаец.

Осуда денеска пристигна и од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од каде апелира надлежните институции да го испитаат и да постапат по случајот.

Секој вид на притисок, закани и напади врз новинари претставуваат загрозување на слободата на информирање и се апсолутно неприфатливи, велат од Агенцијата за медиуми

Измината година синдикатот реагирал за 10 напади или закани кон новинари.

Елена Ивановска Мукоска