јули 9, 2020

Дискусија: Пандемијата и влијанието врз човековите права

Пандемијата со Ковид 19 донесе многу проблеми и секојдневна борба во здравствениот систем, но и во другите сектори на општеството. Работниците се соочија со прекршување на работничките права, се донесоа бројни мерки за справување со вирусот од кои некои се дискутабилни како јавната објава на списокот на лица кои од одредени причини не примиле решение за изолација, а проблемите на маргинализираните заедници уште повеќе испливаа на површина. Бјанка Станковиќ од Програмата за жени новинарки на ПИНА, разговараше со Елена Петровска од Коалиција Маргини и Игор Јадровски од Хелсиншкиот комитет за човекови права за влијанието на пандемијата врз човековите права.