Декриминализација на марихуаната за лична употреба – начин да престане повредата на човековите права
Здружението на граѓани Зелена Алтернатива, Здружението на граѓани ЗНАМ, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Коалиција Маргини и Хелсиншки комитет за човекови права бараат со измените на Законот за опојни дроги кој е во собраниска процедура да се декриминализизра личната употреба и поседувањето заради лична употреба на канабис.
Драгана Дрндаревска од Коалиција Маргини смета дека со декриминализација ќе се престане со повредата на човековите права на луѓето кои употребуваат канабис.
„Се прави голема неправда, спротивно е на принципот на владеење на право една група на луѓе која има доволно средства да го произведува и извезува да прави профит, а друга да оди во затвор“, вели Дрндаревска.
Филип Достовски од Зелена Алтернатива изјави дека во Македонија користењето на марихуана е редовна појава и тоа кај сите категории на граѓани.
„Јас одговорно ви тврдам дека повеќето од луѓето кои ги носат законите кај нас веќе користат канабис. Се случувало полицаец кој користи канабис ме апси за канабис, тоа мора да престане. Властодршците мора да знаат дека марихуана во Македонија се користи и тоа на ангро“, изјави Филип Достовски од Зелена алтернатива.
Огнен Узуновски од „Операција Ослободување“ вели дека нивната цел е да се прекинат сите негативни полемики околу канабисот.