април 24, 2023

Бура од реакции во јавноста на велигденското послание на владиката Петар

Велигденското послание на владиката Петар во кое родовата еднаквост е опишана како богохулство предизвика бура од реакции во јавноста, тема на која се дебатираше во емисијата Аргумент плус, на Телевизија 24. Во дебатата учествуваше Неда Здравева, претседателка на Управниот одбор на Хелсиншки комитет за човекови права.

„Во моментот кога ќе навлезете во правата и слободите на другите, мора и треба да има одговорност. Како што бараме одговорност од полицајците кога ќе ги пречекорат своите овластувања, како што бараме одговорност кога нема да се однесуваат во рамките на своите професионални должности, или новинари кога ќе ги нарушат етичките норми и стандарди, така многу е нормално да се очекува дека ќе барате одговорност од некој кој има особено општествено влијание“, вели за 24 Телевизија, Неда Здравева, претседателка на Хелсиншкиот комитет.