јануари 17, 2020

Блупринт група: Лустрацијата беше црна дамка во демократското општество и политички реваншизам на режимот во тоа време

Блупринт групата за правосудство го актуилизираше проблемот со поништувањето на правните последици од Законот за лустрација кој што беше укинат во 2015 година, истакна денешниот брифинг за новинари, Сибел Амет од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.

Според неа, согласно стратегијата за реформи во правосудниот систем власта се обврза да ги санира штетните последици од процесот на лустрација.

„Овие штетни последици требаше да бидат санирани до 2017 година, межутоа тоа не се случи. Од тие причини блупринт групата реагираше за за ова и во межувреме власта се огласи по што беше изготвен нов закон кој беше доставен до Собранието“, додаде Амет.

Со овој нов закон како што истакна, се предвидува поништување на последиците од законот за лустрација и овозможува надомест на штета на лицата кои што беа дел од процесот.

„Како блупринт група го поддржуваме овој закон и сметаме дека треба итно да биде откочен од процесот во Собранието и да биде донесен пред самото распуштањето на Собранието, имајќи предвид дека станува збор за процес кој што беше црна дамка во нашето демократско општество и беше искористен за политички реваншизам на режимот во тоа време“, истакна Сибел Амет од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.

Од таму велат дека реакцијата на Министерството за правда беше ненавремена со оглед на тоа што овој закон требаше да биде донесен во 2017 година, додавајќи дека се надеваат дека пратениците ќе се огласот на нашето барање и дека разумот ќе преодвладува.

И.Р.