Подобрување на заштитата на правата на обвинетите во Македонија
август 23, 2016
Овој Документ за јавна политика има за цел да понуди решение за унапредување на системот на задолжителна одбрана со бранител и бранител по службена должност за сиромашните во Република Македонија, во рамките на програмата „Балканска мрежа на владеење на правото (БМВП)“. Препораките за политики од овој документ се однесуваат на неколку клучни теми што се предмет на истражување. Тие се: назначување на правни застапници по службена должност, исплата на правните застапници по службена должност и компетентност на правните застапници по службена должност. Секоја од овие теми е важна за реформата на целокупниот систем и за обезбедување гаранција на луѓето што се обвинети и на кои им е потребна правна поддршка.
Предложеното решение подразбира определени законски промени, но уште повеќе значителни промени во постоечката практика во системот на одбрана по службена должност во Република Македонија. Документот, исто така, предлага подлабинско вклучување на Адвокатската комора во сите сегменти на системот, со цел да го децентрализираат и да обезбедат подобра експертиза, како и поефикасни постапки за заштита на луѓето што се изнесени пред суд.