Подобрување на заштитата на правата на бегалците и барателите на азил во Република Македонија
септември 28, 2016
Во овој документ е анализирана домашната законска регулатива и клучните елементи на системот за азил во Република Македонија, низ призмата на моменталната бегалска криза. Испитувајќи ја усогласеноста на домашните со меѓународните стандарди и постапувањата на државата при досега невидениот бран на бегалци, Анализата ги разработува следните теми: пристапот до територија и постапката за азил, како и ограничувањето на слободата на движење односно задржувањето на бегалци.
Препораките кои произлегуваат од Анализата се насочени кон унапредување на постапката за азил во склоп со меѓународните стандарди, обезбедување на поголема заштита на правата на бегалците во текот на постапката за барање азил и подобрување на државните капацитети за прием и третман на бегалците за време на нивниот престој на територијата на Република Македонија.