Анализа за трошоците за патронажен тим (дефектолог, логопед, физиотерапевт)

декември 14, 2017

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на проектот ,„Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите” поддржан од Британската амбасада во Македонија, подготви Анализа за трошоците за патронажен тим (дефектолог, логопед, физиотерапевт).

Анализата ги содржи наодите од истражувањето за потребите од креирање на патронажен тим составен од дефектолоф, логопед и физиотерапевт кој еднаш неделно би ги посетувал лицата со интелектуална попреченост и комбинирани пречки, анализа на реланите трошоци кои би биле потребни за овозможување на услугите од патронажниот тим и придобивките кои би ги имале корисниците на услугите на патронажниот тим, но и придобивките за општеството. Со ваквиот пристап кон оваа категорија на лица, би се овозможила нивна пристапност до одреден вид услуги до кои повеќето од нив во моментот немаат пристап.