Анализа на трошоците за живот на семејствата на лицата до 26 години кои користат инвалидска количка во РМ
декември 14, 2017
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на проектот ,„Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите” поддржан од Британската амбасада во Македонија, подготви Анализа за трошоците за живот на семејствата на лицата до 26 години кои користат инвалидска количка
Анализата ги содржи наодите добиени од истражувањето спроведено со родители на лица до 26 години кои користат инвалидска количка, а кои се однесуваат на трошоците за живот на овие семејства и ги проценува нивните приходи. Крајната цел на анализата е да го евалуира постојниот модел на државна поддршка на потребите на оваа категорија лица и да креира објективни препораки базирани врз докази што можат да бидат искористени при креирањето на јавната политика во оваа сфера.