Повик за пријавување на бесплатна онлајн работилница за родители
мај 21, 2020
-Поддршка во домот кога сервисите не се достапни-
Работилницата е наменета за поддршка на родители и други лица кои се грижат за деца со попреченост. Работилницата ќе се одржи во два модула кои ќе опфатат различни теми во зависност од возраста на децата:
Модул 1: Домот – мојата омилена игротека
-работилница наменета за родители на деца со попреченост на возраст од 2 до 6 години–
26 мај, 2020 од 18.00 до 19.30 часот
Теми на работилницата:
- Стресната ситуација предизвикана од пандемијата и како ја надминуваме
- Креативно организирање на денот, визуелен распоред на дневни активности
- Како да ги зајакнеме капацитетите на детето за грижа за себе
- Развивање на моториката на детето во домашни услови
- Практични совети за стимулација на когнитивниот развој на детето
- Поддршка на родителите поврзана со МКФ
Модул 2: Моите најдраги наставници – моите родители
-работилница наменета за родители на деца со попреченост на возраст од 7 до 14 години–
27 мај, 2020 од 18.00 до 19.30 часот
Теми на работилницата:
- Како го префрливте училиштето во домот и како ќе го вратиме назад
- “И јас помагам дома”
- “И дома можам да учам”
- Развивање на моториката на детето во домашни услови
- Поддршка на родителите поврзана со МКФ
Пријавување
- Пратете мејл со вашето име и презиме и модулот(број 1 или број 2, или и двата) во кој сакате да учествувате на bojana.jovanovska@mhc.org.mk
- На мејлот преку кој сте се пријавиле ќе добиете потврден мејл со линк за инсталирање на ZOOM платформата и понатамошни инструкции како директно да се вклучите во работилницата
- Пријавувањето за учество во работилницата трае до 25 мај, 2020
За сите дополнителни прашања пишете ни дадениот мејл или контактирајте ја Бојана Јовановска на 070242199.
Работилниците ќе ги одржат сцецијални едукаторки со докажано искуство во работа со деца со попреченост и нивните семејства.
За обучувачките
Билјана Стерјадовска Стојчевска е специјална едукаторка и рехабилитаторка со 20 годишно искуство во практична работа со деца и млади лица со попреченост во рамките на системот на социјална заштита, посебното и инклузивното основно образование. Како едуцирана Монтесори едукаторка и мултипликатор активно учествува во воспоставувањето и развојот на Монтесори центарот и работата со деца на предучилишна возраст.
Даниела Саздова е специјална едукаторка и рехабилитаторка со 20 годишно практично искуство во работата со деца и млади лица со попреченост. Освен непосредната работа со лицата со попреченост, во последните пет години активно работи и на воспоставување на нови услуги за овие лица, согласно Конвенцијата за изедначување на правата на лицата со попреченост. Од април 2019 година е дел од Стручното тело за проценка на функционалноста според Меѓународната класификација на функционирање (МКФ).