Оглас за експерт/ка за за комуникации за изработка и имплементација на комуникациска стратегија за работата на Хелсиншкиот комитет за човекови права

март 25, 2020

Application reference: IPA/2019/413-342 Fundamentals first – Active engagement in Rule of Law supported by the European Union

 

Референца за проектна апликација: IPA/2019/413-342 Основите прво – Активно учество во владеење на правото поддржан од Европската унија

 

Хелсиншкиот комитет за човекови права е здружение формирано во 1994 година, чија мисија е заштита и унапредување на човековите права и слободи гарантирани со Уставот и меѓународните инструменти за граѓанските, политичките и за социјалните, економските и културните права, како и Завршниот документ од Хелсинки од 1975 година и градење на демократски услови во кои тие можат да се практикуваат врз основа на владеење на правото.

Хелсиншкиот комитет за човекови права, за потребите на спроведување на оперативниот грант во областа на правда и владеење на право поддржан од Европската Унија објавува:

 

ОГЛАС ЗА ЕКСПЕРТ/КА ЗА ЗА КОМУНИКАЦИИ ЗА ИЗРАБОТКА И ИИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА КОМУНИКАЦИСКА СТРАТЕГИЈА ЗА РАБОТАТА НА ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Во контекст на спроведување на Работната програма на Хелсиншкиот комитет за човекови права и со цел понатамошно зајакнување на комуникацијата на организацијата со јавноста, сите релевантни институции и сите засегнати страни, Комитетот има потреба од надворешен експерт/ка за изработка и имплементација на комуникациска стратегија за работата на Хелсиншкиот комитет.

Што се очекува од надворешниот експерт/ка:

  • Изработка на комуникациска стратегија за работата на Хелсиншкиот комитет која ќе вклучува:
    • Детални насоки за комуникација на сите стратешки цели на Комитетот со сите засегнати страни,
    • Насоки за подобрување на пристапот на Комитетот до сите засегнати страни,
    • Насоки за подобрување на видливоста на работата на Хелсиншкиот комитет, особено во контекст на пристапувањето кон Европската Унија и Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права,
    • План за прибирање на податоци и следење на резултатите од Стратегијата за работата на Хелсиншкиот комитет 2020-2023 година,
    • Припремање на месечните извештаи, извршни резимеа, инфографици и други комуникациски материјали кои се производ на изработената Стратегија по добивање на сите потребни материјали и информации од страна на тимот на Хелсиншкиот комитет,

 

  • Останати обврски во координација со проектниот тим кои можат да произлезат во текот на имплементација на стратегијата за комуникации.

Потребни квалификации:

  • Завршени додипломски студии во област релевантна на повикот;
  • Најмалку пет години работно искуство во спроведување на слични активности;
  • Напредни организациски и комуникациски вештини;
  • Компјутерски вештини;
  • Работа во тим и искуство на докажана работа со партнерски организации; и
  • Развиено чувство за работа со ранливи и маргинализирани заедници.

 

Дополнителни информации:

Финансиската конструкција на оваа активност изнесува 3000 евра.

Рок и потребни документи за аплицирање:

  • Кратка биографија (CV) на македонски јазик (не повеќе од две страници),
  • План за работа согласно барањата на овој повик и предлог временска рамка,
  • Во кратката биографија потребно е да бидат наведени најмалку две (2) референци и портфолио на работа за претходно спроведени слични активности,
  • Финансиска понуда за спроведување на активноста согласно барањата на овој повик,
  • Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk најдоцна до 31.2020 година до 16:00 часот.
  • При доставувањето на апликациите да се наведе име и презиме на експертот/експертката, IPA/2019/413-342 – изработка на комуникациска стретегија.

Постапка за избор на кандидат/ка:
Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе формира комисијата за избор на експерт/ка и ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремената и нецелосна пријава од кандидатите, нема да бидат земени во предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Временската рамка ќе биде взаемно договорена.

За сите дополнителни информации поврзани со овој повик можете да не контактирате на: aleksandar.jovanoski@mhc.org.mk и ena.bendevska@mhc.org.mk