Истражување на јавното мислење во врска со областите опфатени со Поглавјето 23 – судство и основни човекови права
февруари 15, 2017
Во последниот Извештај за Македонија 2015 на Европската Комисија се нотирани недостатоци во делот на имплементацијата на реформите во судството и во однос на фундаменталните човекови права.
Детектираната состојба иницира спроведување на истражување на јавното мислење во врска со областите опфатени со Поглавјето 23 – Судствто и основни човекови права со кое ќе се обезбедат податоци за:
- Искуствата, сознанијата и перцепциите на граѓаните за познавањето на: Поглавјето 23 (правосудство, борба против корупција, темелни права и права на граѓаните на ЕУ);
- Познавањето на уставно загарантираните права и механизмите за нивна заштита;
- Довербата на граѓаните во правосудниот систем, која ќе опфати доверба во работата на јавното обвинителство, судовите, Судскиот совет на Република Македонија и Советот на јавни обвинители на Република Македонија.