Инфографик за состојбата со работничките права на текстилните работнички и работници, јануари – декември 2019
декември 26, 2019
Во периодот од јануари до декември 2019 година беа изготвени 22 барања за вонреден инспекциски надзор и беа дадени 1073 правни советувања. Со правната и параправната помош беа опфатени 60 конфекции. Ова се дел од податоците содржани во Инфографикот за состојбата со работничките права на текстилните работнички и работници.
Информаторот е изготвен во рамки на проектот ,,Правно зајакнување на текстилните работнички за самозастапување”, финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.