Повик за ангажман на двајца експерти за подготовка на методологија за тренинг на обучувачи при Центарот за обука во МВР
мај 3, 2019
Нарачател: Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
Проект: Зајакнување на механизмите на заштита против говорот на омраза
Донатор: National Endowment for Democracy (NED)
I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, од октомври 2018 година, го спроведува проектот “Зајакнување на механизмите на заштита против говорот на омраза” финансиран од страна на National Endowment for Democracy (NED). Проектот се фокусира на унапредување на знаењето на полициските службеници во препознавање, спречување и справување со говорот на омраза. Исто така, во рамки на проектот, се реализираат активности за зајакнување на капацитетите на јавните обвинители за процесирање на предметите поврзани со говорот на омраза за обезбедување на ефективни превентивни механизми за жртвите од овој феномен. Главната цел на проектот е да се придонесе кон воспоставување на ефективни механизми на заштита на правата на граѓаните во контекст на слободата на изразување. Една од специфичните цели е унапредување на јавното знаење и разбирање на говорот на омраза преку ефективни механизми за заштита на граѓаните од говорот на омраза.
Активност 1: Обука на обучувачи при Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи
Првата активност која е предмет на овој повик се однесува на зајакнување на капацитетите на обучувачите при Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи за реализација на обуки на полициските службеници за препознавање и справување со предмети поврзани со говорот на омраза. За таа цел ќе се спроведе дводневна обука од страна на два надворешни експерти/ки кои ќе развијат методологија за спроведување на оваа обука и ќе ја испорачаат на Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи.
Првиот ден од обуката треба да се состои од теоретски преглед на феноменот на говор на омраза, неговите елементи како и развивање на индикатори за негово препознавање од страна на полициските службеници. Вториот ден од обуката треба да даде практичен преглед на полициските овластувања во заштитата и превенцијата на говорот на омраза. Оваа обука треба да опфати најмалку пет (5) обучувачи од Центарот за обука за препознавање на говор на омраза и протокол за реакција од страна на полициските службеници. Особено, обуката треба да даде осврт на превентивни мерки кои се на располагање на полициските службеници за спречување на говор на омраза на јавни настани и собири.
Активност 2: Модул за обука на полициски службеници
Втората активност која е предмет на овој повик се однесува на развивање на модул за обука на полициски службеници за препознавање и справување со предметите кои се однесуваат на говор на омраза. Модулот ќе се развива во соработка со Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи со цел негово вградување во редовниот курикулум на Центарот. Целта е да се овозможи практичен модул кој ќе биде користен од страна на обучувачите во Центарот за понатамошна едукација на полициските службеници за справување со феноменот на говор на омраза. За оваа активност ќе се избере еден/на од надворешните експерти/ки кои ќе ја реализираат првата активност од овој повик.
II. ПРЕДМЕТ НА АНГАЖМАНОТ
Врз основ на горенаведеното, Хелсиншкиот комитет за човекови права има потреба од два (2) надворешен експерт/ка кој/која ќе:
-Методологијата за препознавање на говор на омраза која треба да опфати теоретски преглед на феноменот на говор на омраза, неговите елементи како и развивање на индикатори за негово препознавање од страна на полициските службеници.
-Подготовка на помошни материјали (интерактивна презентација, методологија, дневен ред за дводневна обука на обучувачи и содржина на презентацијата).
-Подготовка на курикулум врз основ на методологијата и испорака на дводневна обука за најмалку пет (5) обучувачи при Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи.
-Модул за обука на полициски службеници за препознавање и справување со предметите кои се однесуваат на говор на омраза (во соработка со Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи)
Сите заинтересирани лица треба да испратат понуда за потребен број на експертски денови и цена за елементите кои се предмет на ангажманот во глава I oд овој повик. Понудата се опишуа во предлог-концептот за изработка на методологија и модул (како што е наведено во глава III од овој повик).
III. ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Заинтересираните за овој повик потребно е да достават професионална биографија (CV) на македонски јазик. Со оглед на материјата која се третира во овој проект, условите за пријавување се следниве:
-Завршени последипломски и/или докторски студии во областа на правото, социологијата, антропологијата, психологијата, политичкитете науки и/или новинарството;
-Одлични методолошки, истражувачки и презентациски вештини;
-Листа на објавени научни трудови и/или испорачани обуки поврзани со темата која е предмет на овој повик;
oПредлог-коцепт за изработка на Методологијата за препознавање на говор на омраза која треба да опфати теоретски преглед на феноменот на говор на омраза, неговите елементи како и развивање на индикатори за негово препознавање од страна на полициските службеници и курикулум за испорака на дводневна обука (најмалку 500 зборови)
oПредлог-коцепт за изработка на Модул за обука на полициски службеници за препознавање и справување со предметите кои се однесуваат на говор на омраза (најмногу 350 зборови)
Апликациите се доставуваат во единстевн електронски документкој ќе содржи професионална биографија, листа на објавени научни трудови и испорачани обуки, предлог-концепт за изработка на методологија и предлог-концет за изработка на модул (формат .pdf) на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk и копија до aleksandar.jovanoski@mhc.org.mk и slavica.anastasovska@mhc.org.mk со назнака „методологија и обука за говор на омраза – ЦОМВР“ најдоцна до 27 мај (понеделник) 2019 година до 17:00 часот. За сите дополнителни прашања можете да се обратите во канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија или на (2) 311 9073 и/или до наведените електронски адреси.