Гостување на Вилдан Дрпљанин во Студио 1 на 1Тв на тема мобинг

февруари 20, 2019

Вознемирувањето на работното место според законот за работни односи се дели на психичко, физичко и сексуално вознемирување. Во вториот и третиот случај тоа не мора да трае континуиран период, но за психичко се смета тоа што трае во континуиран период од шест месеци, објаснува во Студио 1 Вилдан Дрпљанин од Хелсиншки комитет.

-За темата не се зборува многу често, малку од луѓето знаат кога се навистина подложни на мобинг бидејќи некогаш доаѓа во задскриени форми. Честа заблуда е дека може да биде правен само од шефот, односно работодавачот. Мобингот може да биде правен од кое било лице вработено на исто работно место, колега или индиректно претпоставен, објаснува тој и додава дека кога се чувствуваат непријатно на работното место, работниците може да си дадат отказ, што им се чини полесно отколку да ја водат целата постапка и да се изборат за своите права.

Статистичките податоци велат дека во Македонија постои само една правосилна пресуда во корист на лице кое се пожалило на мобинг. До Хелсиншки, пак, во последните 6 месеци пристигнале 7 пријави, од кои само една од странките решила да ја продолжи процедурата на суд.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.