БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВЕН ФОРУМ
ноември 6, 2026

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia“, поддржан од UN Women, објавува барање за доставување на понуди за изнајмување на конференциска сала и угостителски услуги за одржување на јавен форум на 17 ноември 2026 година во Штип за 35 лица.
- Опис на бараната набавка:
Хелсиншкиот комитет за човекови права го спроведува проектот „Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia“, поддржан од UN Women. Во соработка со Здружение „Гласен Текстилец“ од Штип, во рамки на проектот се организира јавен форум на тема: „Жените знаат што им треба“.
1.1 Опис на бараните услуги:
Јавниот форум е планиран за 17.11.2026 година (вторник) во Штип. Настанот во салата ќе се одвива во период од 16:00 до 17:50 часот, по што следува неформално вмрежување. За таа цел потребна е соодветна конференциска сала и угостителски услуги за 35 лица.
Во понудата треба да се наведе:
- Цена за изнајмување на конференциска сала за период од 15:30 до 19:00 часот.
- Цена за користење на техничка опрема (проектор, платно, озвучување и минимум 3-4 микрофони за панел-дискусијата).
- Цена за угостителски услуги по лице (освежување / кафе пауза/ храна) предвидени за делот на неформалното вмрежување (околу 17:50 часот).
Општи информации Од понудувачот се бара да достави најекономична и најдобра понуда во согласност со горенаведените барања. Во понудата секоја од горенаведените ставки треба да биде посебно образложена. Критериумите за избор на понудата се наведени под точка 2 на овој документ.
- Критериум за доделување на договорот за набавка
Критериумите за доделување на договорот за набавка се:
- економски најповолна понуда
- најдобар квалитет
За носител на набавката ќе биде избран оној понудувач чија понуда е најсоодветна според наведените критериуми.
Евалуација на понудите При евалуацијата на понудите ќе се земат предвид понудените цени и квалитетот на понудата. Евалуацијата на понудите ќе се врши од страна на Комисијата, формирана од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права за спроведување на постапката.
Доколку вашата понуда биде избрана ќе бидете информирани. Во случај на потреба од дополнителни појаснувања, слободно контактирајте нè.
Понудите треба да се испратат на следната е-маил адреса: jana.sotirovska@mhc.org.mk со назнака: „Понуда за организација на јавен форум во Штип“.
Рокот за испраќање на понуди е до 12.11.2026 до 16:00 часот.
За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената е-маил адреса или пак на helkom@mhc.org.mk.