БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ХОТЕЛСКИ ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЕДНОДНЕВЕН ТРЕНИНГ ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ

септември 15, 2026

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „MEdIA – Lit (Media Enhancement and Information Literacy for Democratic Engagement)“, кој е дел од програмата „Support to regional thematic networks of Civil Society Organisations (CSOs); Regional networks promoting independent pluralistic media and freedom of expression; and EU Award for Roma Integration“ (Референца: EuropeAid/179703/DH/ACT/Multi, Лот 11: Freedom of Expression and Media), објавува барање за доставување на понуди за конференциска сала за одржување на Тренинг за медиумска писменост.

  1. Опис на бараната набавка: Хелсиншкиот комитет за човекови права го спроведува проектот „MEdIA – Lit“, насочен кон зајакнување на медиумската писменост и демократско учество.

За потребите на проектот се организира Тренинг за медиумска писменост за група од 20 учесници.

  • Опис на бараните услуги: Тренингот е планиран на 09.2026 година за 20 учесници и 5 тренери/организатори. Салата треба да има капацитет за вкупно 25 лица. Тренингот е еднодневен со почеток од 10:00 и завршување во 16:00 часот.

Во понудата, покрај цената конференциска сала треба да се наведе:

  • Цена по лице за ручек/шведска маса
  • Цена за кафе пауза по лице (минимум две кафе паузи за целото траење на настанот).

Општи информации: Од понудувачот се бара да достави најекономична и најдобра понуда. Секоја од горенаведените ставки треба да биде посебно образложена во понудата.

  1. Критериум за доделување на договорот за набавка: Критериумите за избор се:
  • Економски најповолна понуда.
  • Најдобар квалитет на понудените услуги и соодветност на капацитетите.

Евалуација на понудите: Евалуацијата ќе ја врши Комисија формирана од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права, земајќи ги предвид понудената цена, локацијата и квалитетот на услугата. Избраниот понудувач ќе биде дополнително информиран.

Начин на доставување: Понудите треба да се испратат на следната е-маил адреса: jana.sotirovska@mhc.org.mk со назнака: „Понуда за конференциски услуги MEdIA – Lit“.

Рок за испраќање на понудите: Понудите треба да се достават најдоцна до 22.09.2026 година до 16:00 часот.

За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената е-маил адреса или на helkom@mhc.org.mk.