Заштита од дискриминација во пракса: јазот помеѓу законската рамка и реалниот пристап до правда
јули 15, 2026

Заштитата од дискриминација претставува еден од клучните предуслови за обезбедување на еднакво уживање на човековите права и слободи. И покрај постоењето на релативно развиена законска и институционална рамка во
Република Северна Македонија, жените од маргинализираните заедници и понатаму се соочуваат со бројни бариери во пристапот до механизмите за заштита од дискриминација и до правдата воопшто.
Наодите укажуваат дека формалното постоење на права и институционални механизми не е доволно за обезбедување ефективна заштита. Жените од маргинализираните заедници меѓу кои спаѓаат жени од рурални средини, жени припаднички на ЛГБТИ заедницата, жени кои употребуваат дроги, сексуални работнички, осуденички и бездомнички од Скопскиот плански регион се соочуваат со повеќекратна и интерсекциска дискриминација, економска зависност, недоверба во институциите, страв од последици и недоволно препознавање на специфичните форми на родово базирана дискриминација.
Овој документ за јавни политики е изработен во рамките на проектот „Еднаквост сега – Зајакнување на маргинализираните заедници за социјална инклузија и недискриминација“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, имплементиран од Хелсиншкиот комитет за човекови права, ХОПС – Опции за
здрав живот и Коалиција МАРГИНИ, чија цел е да придонесе за подобрување на пристапот до правда и за зајакнување на механизмите за заштита од дискриминација за најранливите групи во општеството.


