Анализа на потребите на децата во ризик и лицата со попреченост во институциите во Република Северна Македонија

јули 8, 2026

Целта на оваа „Анализа на потребите на децата во ризик и лицата со попреченост во институциите во Република Северна Македонија“ е да обезбеди сеопфатна проценка на состојбите, потребите и предизвиците со кои се
соочуваат децата во ризик и лицата со попреченост сместени во системот на институционална и вонсемејна грижа, преку согледување на практиките и условите во неколку установи. Анализата опфати проценка на условите за сместување и грижа, организациските практики, пристапот до услуги и поддршка, почитувањето на човековите права, како и психо-социјалните аспекти поврзани со секојдневното функционирање на институциите. Притоа,
посебно внимание се обрна на искуствата и перспективите на децата и младите, како и на предизвиците со кои се соочува стручниот кадар во обезбедувањето соодветна поддршка.

Во анализата беа вклучени неколку установи, и тоа Воспитно-поправниот дом – Тетово, Јавната установа за згрижување и воспитување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје, Јавната установа Детски дом „11 Октомври“ и Специјалниот завод во Демир Капија, вклучувајќи ги малите групни домови кои функционираат во рамки на установите. Истражувањето имаше за цел да ги увиди можностите за унапредување на квалитетот на грижата и поддршката за децата и лицата сместени во овие установи и да се согледа нивната усогласеност со стандардите за живот возаедницата и со правата на детето.

Анализата е изработена во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции“, кој го спроведува Хелсиншкиот комитет за човекови права, со финансиска поддршка од Европската Унија.