Одржана обука за прегореност од работа, превенција и справување со burnout

мај 22, 2026

Во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции“, Хелсиншкиот комитет за човекови права одржа дводневна обука на 18 и 19 мај на тема „Прегореност од работа, превенција и справување“ за вработените во ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје.
Обуката беше насочена кон препознавање на раните знаци на burnout, разбирање на професионалниот стрес и викариозната траума, како и развивање практични механизми за грижа за себе, поставување граници и справување со емоционално оптоварување.
Преку интерактивни сесии, практични вежби и дискусии, учесниците работеа на јакнење на личните и професионалните капацитети за превенција од прегореност и одржување на психосоцијалната благосостојба во работната средина.
Обуката ја спроведоа Деспина Стојановска и Габријела Бошков.
Проектот е финансиран од Европската унија.