Одржана обука за превенција од употреба на психоактивни супстанции
мај 22, 2026

На 28.04.2026 година, во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции“, Хелсиншкиот комитет за човекови права реализираше обука за превенција од употреба на дрога и психоактивни супстанции за вработените во Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје.
Во рамки на обуката беа обработени теми поврзани со митови и нормативни верувања за употреба на психоактивни супстанции, зависност и ризици од употребата, влијанието на врсничкиот притисок, како и комуникациски вештини и развивање отпорност кај младите.
Работилницата се реализираше преку практични вежби, работа во групи и дискусии, при што учесниците ги споделија предизвиците со кои се соочуваат во секојдневната работа со деца и младинци.
Учесниците ја истакнаа потребата од дополнителни, континуирани и практично насочени обуки, особено во делот на работа со деца кои веќе употребуваат психоактивни супстанции или имаат развиено зависност.
Обуката ја спроведе Лилјана Игњатова.
Проектот е финансиран од Европската унија.


