ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/КА ЗА ДИЗАЈНИРАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ТРИДНЕВЕН „ФОРУМ ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ“

април 17, 2026

Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје, во рамки на проектот MEdIA – Lit (Унапредување на медиумската и информациската писменост за демократско учество), финансиран од Европската Унија, објавува јавен повик за ангажман на експерт/ка за дизајнирање на програма и спроведување на тридневен Форум за медиумска писменост наменет за студенти и млади активисти.

Цел на проектот

Проектот „MEdIA – Lit“ има за цел да го унапреди критичкото размислување и да го зајакне демократското учество преку подигнување на нивото на медиумска и информациска писменост кај младите во регионот. Проектот се спроведува како регионално партнерство помеѓу ЦГО (Црна Гора), Хелсиншкиот одбор за човекови права во Србија (HCHRS), Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје (MHC), Тирана центарот за новинарска извонредност во Албанија (TCJE) и Атлантската иницијатива во Босна и Херцеговина (AI).

Цел на ангажманот

Овој повик има за цел да ангажира експерт/ка кој/а ќе дизајнира и спроведе сеопфатна тридневна едукативна програма (Форум) наменета за 20 избрани студенти и млади луѓе. Експертот/ката треба да овозможи интерактивен процес преку кој учесниците ќе стекнат практични знаења за препознавање кредибилни извори, новинарска етика и деконструкција на дезинформации во сложеното современо медиумско опкружување.

 

Работни задачи и одговорности

  • Заради исполнувањето на ангажманот, експертот/ката ќе треба да ги спроведе следниве работни задачи:
  • Развој на програма и едукативни материјали: Подготовка на детална агенда и методологија за тридневниот форум, вклучувајќи презентации, вежби и материјали за проверка на факти (fact-checking).
  • Спроведување на тридневен форум: Водење на интерактивни сесии во Охрид (од 06.05.2026 до 08.05.2026) на следните теми:
  • Улогата на медиумите во општеството и новинарска етика;
  • Техники на интервјуирање и медиумска регулација;
  • Слобода на изразување и нејзините ограничувања;
  • Препознавање лажни вести, дезинформации и манипулации;
  • Дигитална проверка на податоци и извори.
  • Евалуација: Подготовка на краток извештај за спроведената обука со евалуација на напредокот на учесниците.

 

Очекувани резултати:

  • Изработена тридневна програма прилагодена за студенти;
  • Успешно спроведен форум за 20 учесници;
  • Зголемени капацитети на учесниците за критичка анализа на медиумски содржини.

 

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование во областа на новинарството, комуникологијата, општествените науки или сродни области;
  • Најмалку 5 години професионално искуство во областа на медиумите, новинарството или медиумската писменост;
  • Претходно искуство во спроведување на обуки/форуми за млади и студенти;
  • Одлично познавање на регионалниот медиумски контекст и дигиталните алатки за проверка на информации;
  • Искуство во работа на проекти поддржани од ЕУ ќе се смета за предност.

Временска рамка

Експертот/ката ќе биде ангажиран/а во период дефиниран во договор со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет. Подготвителните активности започнуваат кон крајот на април, а директниот ангажман за спроведување на форумот е од 06 до 08 мај 2026 година во Охрид.

 

Постапка за пријавување и критериуми за избор

Овој повик е јавен. Секој кој ги исполнува потребните квалификации може да се пријави со доставување на:

Работна биографија (CV) со наведено искуство во релевантната област;

Кратка предлог-методологија за спроведување на тридневниот форум (не подолга од 1 страна);

Финансиска понуда: Вкупна бруто цена за целиот ангажман

 

 

 

Критериуми за избор на најповолен понудувач:

Релевантна биографија и искуство – 40 поени

Предлог методологија – 40 поени

Понудена бруто цена – 20 поени

Понудите треба да се испратат на следните е-маил адреси: jana.sotirovska@mhc.org.mk и helkom@mhc.org.mk со назнака: „Понуда за експерт/ка за Форум за медиумска писменост“.

 

Рокот за аплицирање е до 20.04.2026 до 16.00 часот.

 

За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведените е-маил адреси.